Фудбалерите на Вардар се на чекор од елиминација во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, откако на реванш-средбата во Лозана по првото полувреме губат со 0-3.
Домашниот тим ја искористи својата надмоќ и дојде до висока предност. Херој на швајцарскиот клуб е напаѓачот Кали Сене, кој двапати ја затресе мрежата на Вардар. Првиот гол го постигна откако излезе сам пред голманот, додека вториот го реализира во 44. минута, кога повторно успеа да му избега на Јанкулов и да го матира Лазаревски.
Во листата на стрелци се запиша и Ноа Дуисен, кој погоди по прекин и го зголеми водството на Лозана.
Најдобрата шанса за Вардар во првиот дел дојде по двоен обид на Мато и Омерагиќ, но домашниот голман Летица успеа да го сочува својот гол.
Црвено-црните се соочуваат со исклучително тежок предизвик во второто полувреме, каде ќе се обидат да избегнат елиминација и да ја продолжат европската авантура.