Горан Трајковски: Со план и работа – Кисела Вода ќе биде пример за средена општина!

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски, продолжува со интензивни теренски активности и средби со граѓаните, со цел директно да ги слушне нивните предлози, проблеми и идеи.

„Мојата програма ќе се темели токму на тоа што вие ми го кажувате, на вашите реални потреби, идеи и визија за подобра општина. Вие најдобро знаете каде се проблемите и како да ги решиме заедно“, истакнува Трајковски.

Тој нагласува дека комуникацијата со граѓаните нема да престане со крајот на изборната кампања.

„Како иден градоначалник ќе бидам секојдневно достапен, не само преку приемни денови, туку пет дена во неделата ќе работам директно со вас, заедно на терен. Граѓаните заслужуваат максимална посветеност, отвореност и резултати“, потенцира кандидатот.

Со јасна визија и конкретен план, Горан Трајковски ветува нова ера на посветено и транспарентно управување во Кисела Вода.
„Знам како – со план и работа, за Кисела Вода, за сите нас!“, порачува Трајковски.