Од Демократската унија за интеграција (ДУИ) повторно го актуелизираат барањето за сеопфатен ветинг процес со меѓународен надзор, како нужност за враќање на довербата во правдата, институциите и државниот систем.
Што бара ДУИ?
Поддршка за предлог-законот за ветинг кој партијата го предложи уште во 2020 година.
Верификација на потеклото на имотот на сите функционери од 1991 година до денес.
Длабинска истрага на приватизацијата и улогата на поранешните безбедносни служби од 1945 година до денес.
Истрага на сите политички партии, без исклучок.
„Оние што се плашат од вистината, нема да го поддржат ветингот. Ова е обврска кон граѓаните. Ова е прашање на правдата и иднината,“ порачаа од ДУИ.
Според партијата на Ахмети, ветингот не е партиска битка, туку суштинска реформа за изградба на праведно општество и функционална држава.
ДУИ апелира до сите политички партии и Владата да покажат институционална храброст и интегритет и конечно да му дадат „зелено светло“ на законот.