Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец и дел од раководството на семејната компанија „Адора“, ја загуби битката за животот по тешка сообраќајна несреќа на официјална мотоциклистичка трка во Брно, Чешка.
Несреќата се случила вчера околу 16 часот, кога Чифлиганец се здобил со тешки повреди на главата. Веднаш бил префрлен со хеликоптер во болница во Прага, каде лекарите се бореле за неговиот живот. За жал, по 24 часа, тој им подлегнал на повредите.
Поради сериозните повреди на мозокот, бил ставен во кома и приклучен на апарати за одржување во живот. Неговото семејство веднаш отпатувало за Прага, каде во координација со медицинскиот тим ги разгледувале сите можности за спас.
Душко Чифлиганец подолго време живееше во Дубаи, а јавноста го препознаваше и по неговата страст кон моторциклизмот – спорт во кој постигна значајни успеси и освои бројни награди.