Фудбалскиот клуб Барселона се наоѓа пред нова финансиска криза, за да ги регистрира новите засилувања Џоан Гарсија, Војчех Шчесни и Маркус Рашфорд, мора прво да продаде играчи. Иако првични кандидати за заминување беа искусните Марк-Андре тер Штеген и Андреас Кристенсен, и двајцата изјавија дека немаат намера да го напуштат клубот.
Во ваква ситуација, како потенцијално решение се појави името на младиот Марк Касадо. Барса го проценува Касадо на 30 милиони евра, сума која, според проценките, би била доволна за регистрација на новите играчи во Ла Лига.
За Касадо постои сериозен интерес – неколку клубови од Премиер лигата внимателно ја следат неговата ситуација, а според шпанскиот „Спорт“, Атлетико Мадрид е меѓу најзаинтересираните. Тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, важи за голем почитувач на стилот на Касадо и верува дека тој би бил идеална замена за Родриго Де Паоло, кој ова лето се пресели во Интер Мајами.
Атлетико веќе го ангажираше Џони Кардосо од Реал Бетис, но се чини дека „рохосбланкос“ не застануваат тука и сакаат дополнително да ја засилат средната линија.
Барселона, пак, мора брзо да донесе одлуки, финансиската рамнотежа е нарушена, а времето за регистрација на новите играчи истекува.