Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот за изградба на нова спортска сала во рамки на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје.
Салата ќе се гради со средства од Министерството за спорт, а вредноста на проектот изнесува 64.780.000 денари.
– Посветени сме на унапредување на инфраструктурата и создавање современи услови за обука, спорт и развој. Ваквите инвестиции се дел од нашата стратешка определба за функционална и безбедна средина за студентите, кадетите и спортистите – истакна Мицкоски.
Овој објект е дел од поширокиот владин план за јакнење на спортската и образовната инфраструктура во земјава.