Велевски: ВМРО-ДПМНЕ ги остави лозарите на цедило, Владата го прекрши законот!

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Виктор Велевски, на теренска прес-конференција остро ја нападна Владата на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, целосна негрижа кон лозарите.

„Бербата започна, а лозарите се оставени без утврдена цена, без поддршка и без одговори. Владата не ја исполни законската обврска до 15 јули да ја утврди производната цена за смедеревка и вранец. Тоа е директен удар врз илјадници семејства“, рече Велевски.

Тој посочи дека Законот за вино, донесен токму од СДСМ во март 2024, е прекршен од страна на Министерството за земјоделство, кое ниту ја утврдило цената ниту ја обезбедило обврската за откуп.

„Се фалат со ’историска цена’, а зголемувањето е едвај 0,50 денари – навреда за трудот на лозарите!“, рече Велевски.

Како иден градоначалник, вети силна поддршка за лозарите: „Ќе застанам гласно зад секој лозар, ќе се борам за фер услови и конкретни локални мерки кои ќе обезбедат исплатливо производство.“

СДСМ, никогаш не ги оставил лозарите сами, заврши Велевски.