Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски до крајот на преодниот рок ќе ја напушти Валенсија, а негова желба е да остане во Шпанија, објавуваат шпанските медиуми.
Иако минатото лето пристигна на „Местаља“ како слободен играч од Рајо Ваљекано, Димитриевски доби ограничена минутажа, бранeјќи главно во Купот и неколку првенствени натпревари кога Мамардашвили беше повреден. Откако Грузиецот замина во Ливерпул, се очекуваше Столе да добие шанса, но Валенсија повторно не му укажа доверба, туку донесе нов млад голман – Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао.
Незадоволен од својот статус, Димитриевски сака нов предизвик, а како најреална опција се споменува Елче, клуб кој оваа сезона се врати во Ла Лига и бара искусен голман за настапите во најсилната шпанска лига.
Трансферот би можел да се реализира како позајмица, со цел македонскиот чувар на мрежата да остане активен и да добие континуитет, особено пред продолжението на репрезентативните квалификации.