Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици повторно ја потресе клучката Дреново – Фариш, само ден по претходниот инцидент на истата локација. Според првичните информации, животот го загубил брачен пар, што дополнително ја влошува мрачната статистика на оваа делница, позната по голем број несреќи.
Експресниот пат Прилеп–Градско, каде што се случи трагедијата, попладнево е целосно затворен за сообраќај. Возилата се пренасочуваат преку автопатот, а надлежните апелираат до возачите да бидат крајно внимателни и да ја следат поставената сигнализација.
Оваа делница, уште од нејзиното отворање, важи за еден од најцрните точки на патната мрежа, со бројни несреќи, дел со смртни последици. И покрај континуираните реакции од јавноста и апелите на возачите и локалното население, досега не се преземени конкретни мерки за зголемување на безбедноста. Недостасува соодветна сигнализација, а нема ниту инфраструктурни интервенции кои би придонеле за намалување на ризиците
Очекуваме официјални информации од надлежните институции за времетраењето на сообраќајниот прекин, како и за тоа дали конечно ќе бидат преземени мерки за санација и безбедносно унапредување на оваа критична делница.