Спречен заговор за атентат врз Виктор Орбан, унгарската полиција уапси осомничен маж

Унгарските безбедносни служби спречија сериозен заговор – еден маж е уапсен под сомнение дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан. Националното истражно биро соопшти дека осомничениот се регистрирал на странска веб-страница каде што објавил оглас во кој нуди пари за платен убиец подготвен да го ликвидира Орбан.

Наводно, објавата датира од јули 2025 година, а по брза истрага и акција на антитерористичките сили (ТЕК), мажот бил идентификуван и уапсен. При сослушувањето тој го признал делото за кое се товари.

Ова е најсериозната безбедносна закана против унгарскиот премиер досега, а институциите најавија засилени мерки за заштита.