РАЗРЕШУВАЊЕ И ИСКЛУЧУВАЊЕ: ССКМ СЕ ОГРАДУВА ОД ГОРАН ГЕОРГИЕВСКИ И РОМЕО КОСТАДИНОВСКИ

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) денес јавно ги извести медиумите и јавноста дека Горан Георгиевски и Ромео Костадиновски се разрешени од функциите потпретседатели на Сојузот и повеќе не се дел од членството во организацијата.

Одлуката била донесена на седница на Управниот одбор на ССКМ, по што претседателот Трајан Ангелоски нагласи дека двете лица повеќе немаат никаква формална или неформална врска со Сојузот, ниту имаат право да се претставуваат во негово име.

„Апелираме до сите медиуми, институции и јавноста да не го поврзуваат логото, името или кратенката на ССКМ со Георгиевски и Костадиновски. Сакаме да се заштитиме од погрешна претстава и евентуална злоупотреба на интегритетот на нашата институција“, истакна Ангелоски.

Сојузот дополнително посочи дека останува цврсто посветен на принципите на транспарентност и отчетност, како и на поддршката на стопанството и економскиот развој на Македонија.