Герасимовски: Се санира пешачката патека кај „Бест Вестерн“, по барање на жителите

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, информира дека е во тек санацијата на пешачката патека која се протега од хотелот „Best Western“ до Министерството за финансии.

„Интервенцијата е направена по барање на жителите кои живеат во овој дел на Центар. Со санацијата обезбедуваме подобра проодност и поголема безбедност за пешаците“, посочи Герасимовски.

Тој додаде дека преку вакви мали, но значајни проекти, општината чекор по чекор го прави Центар поудобно и побезбедно место за живеење.