Министерството за здравство постигна значаен чекор кон кадровско зајакнување на здравствениот систем, реализирајќи над 1.250 вработувања во рекордни 45 дена во 85 јавни здравствени установи низ државата.
Министерот за здравство, Фатмир Алиу, изјави дека досега се спроведени повеќе од 1.700 тестирања, при што посочи дека ова претставува „значајно и историско зајакнување на кадарот во рекордно време“.
„Овие вработувања се дополнителна мотивација и конечно решавање на статусот на лица кои со години работеа без сигурност, без здравствено осигурување и под постојан стрес. Сега, тие добиваат достоинствено место во здравствениот систем“, истакна Алиу.
Министерот додаде дека со овој процес се испраќа јасна порака за континуирана грижа и вложување во човечкиот капитал, што е клучен предуслов за унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.