До редакцијата на „Револуционер“ пристигна алармантна реакција од граѓани на Демир Хисар, кои сведочат за сериозен полициски притисок во домот на директорката на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, Маја Лозановска.
Според нивните наводи, додека Лозановска се наоѓа на боледување, полицијата се обидува насилно да ја однесе на работното место со цел да ја принуди да потпише решение за нејзино разрешување. Очевидци го опишуваат однесувањето на началникот на полициската станица како заканувачко и нетранспарентно, за што во редакцијата најавуваме и објавување на видео материјал што ќе го документира целиот настан.
На самиот настан е присутна и екипа на брза помош.
Реакциите од јавноста се остри, особено поради сомневањата за злоупотреба на полициска сила во административна постапка, и се поставуваат сериозни прашања за законитоста на постапката, како и за можните политички или институционални притисоци врз вработени во образовниот сектор.
Редакцијата на „Револуционер“ продолжува да ја следи ситуацијата и ќе објави дополнителни информации и снимки веднаш штом станат достапни.
Според реакциите на бранителот на Лозановска полицискиот службеник ги пречекорува своите службени овластувања, односно врши злоупотреба на службена положба и малтретирање во вршење на службени дејства.