Балковски: До кога Владата ќе анализира наместо да интервенира?

Индексот на трошоците за живот во јули 2025 година, во споредба со јули 2024 година, бележи зголемување од 4,8%, додека индексот на цените на мало се зголемил за 5,3%. Во однос на јуни 2025 година, индексот на цените на мало во јули изнесува 103,1.

“Кој процент на зголемување на инфлацијата ќе биде алармантен за Владата?” прашува Балковски.

ВМРО-Народна партија секој месец реагира и предлага конкретни решенија. Итно е потребно формирање на Кризниот економски менаџмент составен од истакнати професори и стручни лица, кој ќе се посвети на справување со економските предизвици, почнувајќи со стабилизирање на состојбата и потоа на намалување на инфлацијата.

Јасно е дека оваа Влада не е способна да го реши овој проблем, па затоа е потребна брза и одговорна акција.