Трансферот на шведскиот напаѓач Александар Исак во Ливерпул ова лето нема да се случи, објави „Ливерпул Ехо“, медиум близок до клубот. Иако Ливерпул понуди 127 милиони евра, Њукасл ја одби понудата, одлучен да го задржи својот фудбалер.
Исак, наводно е незадоволен и се обидува да изнуди преселба од „Сент Џејмс Парк“ пред почетокот на сезоната 2025/26. Сепак, Њукасл е во тешка позиција бидејќи не е во можност да ангажира соодветна замена за напаѓачот. Последниот во низата потенцијални замени, Бенјамин Шешко, исто така избра друг клуб.