​Хеликоптери на МВР фрлија над 80 тони вода во борбата со пожарите во Јасен и Долно Дупени

Полициските хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици при Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска активно учествуваа во гаснењето на два големи пожара. Како што соопшти МВР, двата хеликоптера, Агуста Бел 212 и Бел 412, исфрлија вкупно над 80 тони вода на загрозените подрачја.

​Конкретно, во Националниот парк „Јасен“ биле испуштени повеќе од 50 тони вода, додека во селото Долно Дупени биле фрлени повеќе од 30 тони вода.

​Со брза и координирана интервенција, успешно е спречено ширењето на пожарите кон станбените објекти во селото.

​МВР најавува дека активностите на полициските хеликоптери ќе продолжат и во наредните денови, сè до целосно гаснење на пожарите на територијата на целата држава.