​Временска прогноза: Сончево и топло, температурите до 39 степени

Денес се очекува сончево и многу топло време во целата земја. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

​Минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 33 до 39 степени.

​Во Скопје, исто така, се предвидува сончево и многу топло време со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе изнесува 18 степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Топлински бран со температури до 40°C

​Во текот на седмицата, под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде сончево и исклучително топло, со појава на локална облачност во текот на денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а на одредени места се очекува да достигне и 40°C.