52-годишниот Илија Танчев од Пловдив е лицето што исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Според извештаите, тој во петокот пристигнал во Охрид, а пред тоа на својот Фејсбук-профил објавил фотографија од неговата нуркачка опрема.
Во саботата, Танчев нуркал со пријател, локален жител. Кога не успеал да излезе на површина, пријателот го пријавил случајот кај надлежните служби.
Во потрагата се вклучени тимови на Црвениот крст, Езерската полиција и локалниот нуркачки клуб „Амфора“. Засега нема никаква трага од исчезнатиот нуркач.
Според информациите на бугарската телевизија bTV, неговите траги се губат на голема длабочина од 89 метри.