​ДУИ и Алијанса за Албанците реагираат на изјавата на Мицкоски за 2001 година

​По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека темата за конфликтот во 2001 година е затворена, а во фокусот на Владата е иднината, партиите ДУИ и Алијанса за Албанците излегоа со остра реакција.

​Од ДУИ порачаа дека потсетувањето на 2001 година не е „стара тема“, туку потсетување на цената што граѓаните ја платиле за еднаквост и за Охридскиот договор, кој според нив, сегашната власт отворено го прекршува.

​Партијата го повика премиерот наместо да „држи лекции“, да им објасни на граѓаните зошто се случуваат следните работи:

​Укинато е правичното застапување како уставна вредност што произлегува од Охридскиот договор.

​Мајоризацијата е вратена во одлучувањето, дури и во Уставниот суд.

​ВМРО-ДПМНЕ предложи укинување на Законот за употреба на јазиците, а премиерот е најголем застапник на идејата за негово непочитување.

​Албанците се дискриминираат во администрацијата, а албанскиот јазик е игнориран од институциите.

​Албанската дијаспора е исклучена од процесите на одлучување и од финансиската поддршка на Владата.

​Развојните проекти во албанските општини се блокирани.

​„Српскиот свет“ е претворен во државна политика, а се блокира и европската иднина.

​Се избегнуваат ветинг и истрага за процесот на приватизација.

​Алијанса за Албанците: „Изјавите се скандалозни“

​Од Алијанса за Албанците на Зијадин Села ги оцениjа изјавите на Мицкоски за Националноослободителната армија како „скандалозни“ и „отворена провокација кон националните чувства на Албанците“.

​Тие го обвинуваат премиерот дека се обидува да негира и да забрани „славен дел од историјата“. Исто така, посочуваат дека досега Владата поништила многу права и достигнувања.

​АА изрази загриженост и од, како што велат, „молчењето на Албанците во Владата“, кои „очигледно сакаат да го поминат ова со релативизации“.