Владата инвестира 720 милиони денари во спортска инфраструктура

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави значителни инвестиции во спортската инфраструктура. Одговарајќи на новинарско прашање, тој нагласи дека се одвоени 720 милиони денари за изградба и обнова на 36 спортски објекти низ општините.

​Мицкоски посочи дека во рамки на вториот повик од Министерството за локална самоуправа се одвоени над половина милијарда денари за спортска инфраструктура.

​„Се завршуваат оние проекти што во минатото беа отпочнати, па заборавени, како што беа базените итн. Така што сè што било започнато, завршуваме, но и онаму каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира, ќе биде исто така завршено“, изјави премиерот, нагласувајќи ја посветеноста на Владата кон развојот на спортот.