Елмас сака да го напушти Лајпциг, можно враќање во Наполи?

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас изрази желба да го напушти Лајпциг во претстојниот преоден рок. Како што пренесуваат медиумите, тој се поврзува со неколку клубови, а како најсериозен кандидат се јавува неговиот поранешен клуб Наполи.

​Елмас е член на Лајпциг од 1 јануари 2024 година, кога беше купен од Наполи за 24 милиони евра. Сепак, во првиот дел од минатата сезона не доби доволно минутажа, па замина на позајмица во Торино. Во Торино ја покажа својата препознатлива форма, постигнувајќи четири гола, но клубот не може да ги исполни финансиските барања на Лајпциг за откуп на неговиот договор.

​Според италијанските медиуми, актуелниот шампион Наполи наскоро ќе испрати официјална понуда до Лајпциг за враќање на македонскиот фудбалер.

​Елмас остави длабока трага во Наполи, каде што одигра 185 натпревари и постигна 19 голови. Тој е дел од историскиот тим кој по 33 години ја врати шампионската титула во градот.