Грилиш на позајмица во Евертон

​Најавите се остварија: англискиот фудбалер Џек Грилиш следната сезона ќе го носи дресот на Евертон. Поранешниот најскап фудбалер во Англија доаѓа на позајмица од Манчестер Сити со цел да ја оживее својата кариера по лошата мината сезона.

​Овој трансфер му дава голема можност на Грилиш да се врати во старата форма и да се избори за место во англиската репрезентација за Светското првенство во 2026 година. Од друга страна, Евертон со Грилиш добива квалитет и офанзивен потенцијал што досега го немаше во своите редови.