Додик ја замени затворската казна со парична

​Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ја замени едногодишната затворска казна со парична, откако беше осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.

​Според соопштението од Судот на БиХ, на предлог на одбраната и со согласност на Обвинителството, затворската казна е заменета со парична. Додик платил 36.500 КМ (околу 18.600 евра), односно по 100 КМ за секој ден што требало да го помине во затвор.