Полициските хеликоптери фрлија повеќе од 100 тони вода врз пожарите во Јасен и кичевско

Вчера и денес два полициски хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици од типот Бел 412 и Агуста Бел 212 активно учествуваа во гаснење на шумските пожари што зафатија делови од:

-Општина Македонски Брод подрачјето на Јасен

-Општина Кичево, село Челопеци

При дејствувањето исфрлени се преку 100 тони вода со што значително беше намалено ширењето на огнената стихија и беше обезбедена поддршка за заштита на населението и природата.