Приведен скопјанец поради загрозување на безбедноста на полициски хеликоптер

На 12.08.2025 година, полициски службеници од ПС Карпош го лишиле од слобода И.А. (55) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“.

​Настанот се случил на 06.07.2025 околу 18:00 часот, кога полициски хеликоптер се приближувал до устието на реката Лепенец во Вардар за да наполни вода за гаснење на пожарот во реонот на Блаце. Пилотите забележале лице кое влегло во плиткиот дел од коритото на Вардар и мавтало со рацете. Сведоци на настанот потврдиле дека лицето фрлало камења кон хеликоптерот „Бел 412“, поради што пилотите биле принудени да го променат местото на полнење вода.

​Бидејќи безбедноста на екипажот била сериозно загрозена додека извршувале службени задачи, И.А. бил пронајден и лишен од слобода. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по документирање на случајот.