Полицијата денеска (13.08.2025) во 02.10 часот го привела 51-годишниот Г.А. од Македонска Каменица, под сомнение дека извршил кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Се сомничи дека Г.А., управувајќи патничко возило „мерцедес“ со италијански таблички, синоќа околу 23.00 часот удрил во 13-годишна малолетничка, по што го напуштил местото на несреќата. Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во Клиничката болница во Штип.
По преземени мерки, полицијата го пронашла Г.А. и утврдила дека тој возел под дејство на алкохол, со измерени 1,99 промили во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.