Министерството за финансии соопшти дека е исплатена петта транша во износ од 700,9 милиони денари (11,3 милиони евра) кон Развојната банка. Овие средства се наменети за поддршка на домашните компании.
Трансферот на средствата е извршен од Буџетот, по доставено барање од Развојната банка и по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Во Буџетот за 2025 година, за поддршка на домашната економија се проектирани вкупно 250 милиони евра.
Досега, кон домашните компании се префрлени пет транши во вкупен износ од 171,1 милион евра. Средствата се обезбедени преку заем од унгарската Експорт-импорт банка, со цел да се пласираат средства по поволни услови за инвестиции во приватниот сектор. Според Министерството, досега искористеноста на оваа кредитна линија од страна на домашните компании е 68%.