​Поднесена кривична пријава за престрелката во Тетово, одреден притвор за осомничените

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири лица за вооружената престрелка што се случи на 10.08.2025 година на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во која едно лице го загуби животот. За сите осомничени е одредена мерка притвор од 30 дена.

Обвиненија против осомничените

  • Р.Т. (37) и 15-годишник од село Гајре се осомничени за „убиство“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“ и „тешки дела против општата сигурност“.
  • М.Т. (45) и З.М. (37) се осомничени за „убиство во обид“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“ и „тешки дела против општата сигурност“.

​На 10 август, Р.Т. и 15-годишникот, користејќи автоматски пушки, испукале повеќе куршуми кон автомобил „голф“, при што го усмртиле возачот, а тешко го повредиле совозачот. Куршум завршил и во десната нога на дете кое се нашло во близина.

​Иако бил ранет, осомничениот З.М. со уште едно лице извадиле пиштоли и пукале кон возилото што се оддалечувало. Притоа, повредиле друго лице и ја загрозиле безбедноста на жена чие возило било погодено.

​Во моментов, Р.Т. се наоѓа во болница, а 15-годишникот е приведен. По М.Т. и З.М. се трага и се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.