Извештај на Стејт департментот: Без значителни промени во човековите права во Македонија

Во најновиот извештај на Стејт департментот на САД за човековите права за 2024 година се наведува дека во Северна Македонија не се забележани значителни промени во состојбата со човековите права.

​Документот идентификува неколку клучни проблеми, особено во областа на слободата на изразување и медиумите:

  • ​Насилство и закани врз новинари.
  • ​Зголемено вознемирување на новинарки.
  • ​Стратешки судски тужби (SLAPP) против медиумски работници.
  • ​Предизвици за уредничката независност поради политички и бизнис-притисоци.

​Во извештајот се изразува и загриженост за можен клиентелизам по измените на Законот за аудио-визуелни медиумски услуги, кои овозможуваат владина кампања со висок јавен интерес да се рекламира преку комерцијални радиодифузери.

​И покрај забелешките, извештајот потенцира дека Владата презела веродостојни чекори за заштита на правата на работниците и синдикалното организирање. Исто така, се истакнува и соработката со УНХЦР за заштита на правата на бегалците и лицата без државјанство.