Андреј Жерновски, член на Извршниот одбор на СДСМ, во своја објава на социјалните мрежи тврди дека паничното однесување и ветувањата на премиерот Христијан Мицкоски се резултат на најновата анкета на партијата. Според Жерновски, истата покажува дека ВМРО-ДПМНЕ изгубило 130.000 гласа за само една година.
Жерновски посочува дека ваквиот драматичен пад на поддршката е најголем во поновата македонска историја за која било партија на власт. Како доказ за паниката, тој ја наведува изјавата на Мицкоски дека „цените растат затоа што се покачени платите“, што ја оценува како нестручна.
Според него, владата нема знаење како да се справи со дивеењето на цените, а очекува дека ќе продолжат со барање на виновници во опозицијата и меѓународната заедница, наместо да се соочат со реалноста.