Голема победа за Лина Ѓорческа на турнирот во Србија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари значајна победа во првото коло на W75 турнирот во Куршумлијска Бања, Србија, совладувајќи ја четвртата носителка, Деспина Папамихаил од Грција, со 2-1 во сетови (3:6, 6:1, 6:2). Натпреварот траеше 1 час и 50 минути.

​Иако Папамихаил го освои првиот сет со 6:3, Ѓорческа успеа да направи целосен пресврт во натпреварот. Во вториот сет, по резултат 1:1, македонската тенисерка одигра серија од пет гема и го доби сетот со 6:1.

​Во решавачкиот трет сет, Ѓорческа ја продолжи доминацијата, поведувајќи со 2:0. И покрај тоа што противничката изедначи на 2:2, Ѓорческа со нова серија од четири гема го доби сетот со 6:2 и ја запечати победата.

​Во второто коло, Ѓорческа ќе се соочи со Дарја Астахова, тенисерка која ја совлада пред само една недела.