Кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ, Мартин Костовски, во својата објава нагласи дека верува во поддршката од народот и дека никој не може да победи против неговата волја.
Костовски истакна дека, и покрај тоа што „поранешни и сегашни функционери, бизнисмени и сите тие што мислат дека имаат ‘плава крв’“ може да се здружат, народот е тој што ја носи промената.
„Вистинската промена не ја носи еден човек – ја носи целата заедница кога ќе застане обединета и кога ќе им каже во лице на ‘политичките трговци’ помина вашето, доаѓа времето на сите нас!“, напиша Костовски.
Тој ја повика целата заедница да се обедини за, како што рече, „правда и Куманово“ и порача дека на крајот ќе победат.