Герасимовски: Децата на Центар учат атлетика со Кокан Ајановски

​Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, објави дека децата од општината имале можност да трчаат и да учат за атлетиката како спортска дисциплина, заедно со познатиот атлетичар Кокан Ајановски.

​Герасимовски нагласи дека, во рамки на проектот „На одмор сум, во Центар сум”, се создаваат убави спомени за децата и нивните родители, исполнети со спорт, насмевки и нови пријателства.