Нетанјаху: Чувствувам историска и духовна мисија за Голем Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека се чувствува како да е на „историска и духовна мисија“ и дека е многу поврзан со визијата за Голем Израел.

​За време на интервју со новинарот Шерон Гал, Нетанјаху добил амајлија со „мапа на Ветената земја“. Гал се пошегувал дека не сака дополнително да го вмешува премиерот, кој е обвинет дека примил накит и други луксузни предмети од бизнисмени.

​На прашањето дали се чувствува поврзан со визијата за Голем Израел, Нетанјаху кратко одговорил: „Многу“.

​Терминот Голем Израел се однесува на Израел и териториите што ги освои во шестдневната војна во 1967 година, вклучувајќи ги Источен Ерусалим, Западниот Брег, Појасот Газа, Синајскиот Полуостров и Голанската Висорамнина.