МНР чека официјална потврда за убиство на македонски државјанин во Боливија

По повод информациите во српските медиуми за убиствоубиство на двајца Срби и еден македонски државјанин во Боливија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираше дека чека официјална потврда.

​Од МНР соопштија дека Амбасадата на Северна Македонија во Бразил е во постојан контакт со Амбасадата на Боливија во Бразилија.

​За да се потврди идентитетот на жртвите и да се добијат повеќе детали за околностите на настанот, се чека завршување на обдукцијата.

​Министерството најави дека дополнително ќе ја информира јавноста по добивањето на официјална информација од боливиските власти.