Реал Мадрид го претстави Франко Мастантуно на неговиот 18-ти роденден

Реал Мадрид денеска официјално го претстави своето ново засилување, младиот аргентински напаѓач Франко Мастантуно, познат како „аргентинското чудо од дете“. Церемонијата се совпадна со неговиот 18-ти роденден, со што клубот му го честиташе полнолетството.

​Мастантуно ќе го носи дресот со број 30 и изјави дека со овој трансфер му се остварил сонот да игра за „најголемиот клуб“.

​„Ветувам дека ќе го дадам и својот живот за овој дрес“, порача младиот Аргентинец, на кого експертите му предвидуваат блескава фудбалска кариера.