Украина и Русија извршија размена на 84 затвореници

Украина и Русија извршија нова, 67-ма по ред, размена на затвореници од почетокот на војната, при што беа вратени 84 украински граѓани. Оваа информација ја потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој се заблагодари на Обединетите Арапски Емирати за посредништвото.

​Меѓу вратените Украинци има 33 војници и 51 цивил. Некои од нив биле во заробеништво уште од 2014 година, кога Русија ги анектираше сепаратистичките региони во источна Украина.

​Еден од разменетите граѓани поминал повеќе од 4.000 дена во заробеништво.

​Размената се случи на границата со Белорусија.

​Руското Министерство за одбрана ја потврди размената, објавувајќи дека биле вратени 84 руски воени заробеници, но не спомна цивили.