Заедно до победа: Сезонска влезница за ФК Победа!

ФК Победа ги повикува своите симпатизери и навивачи да ја поддржат екипата со купување на сезонски билети.

Поддржете го вашиот омилен клуб и обезбедете си место на сите домашни натпревари во текот на сезоната со купување сезонска влезница за само 1200 денари. Оваа влезница ви овозможува брз и едноставен пристап на стадионот и е одличен начин да го поддржите клубот.

​Како да дојдете до вашата сезонска влезница?

​Процесот е брз и едноставен:

​Аплицирајте онлајн: Пополнете ја апликацијата на официјалната веб-страница на клубот: https://fkpobeda.mk/aplikacija/

​Извршете уплата: Уплатата може да ја направите на сметката на клубот или директно кај овластено лице во клупските простории, со задолжителна фискална сметка.

​Почекајте потврда: Откако уплатата ќе биде регистрирана, ќе добиете потврда по е-пошта и Viber дека вашата картичка е подготвена.

​Подигнете ја картичката: На крај, подигнете ја вашата сезонска влезница лично на стадионот или во клупските простории.

​Не пропуштајте ја можноста! Бидете дел од успесите на ФК Победа и помогнете им да стигнат до нови победи.