Се радувам што успеав да наметнам две теми кои го фрлија во сенка самитот во Енкориџ, климатските промени и прашањата какви се оправдани услови и вета ќе ни тури Албанија за почеток на преговорите со ЕУ, откако во 2030 година ќе влезе во најексклузивното светско друштво.
Значи:
1. Дали Македонецот по националност е говно?
2. Дали Тричковски, чија хипотеза е во првото прашање, е македонимразач (македонофоб) или обичен лудак?
Уживам.
Тука сакам да додадам неколку работи кои можат да ја направат сенародната дебата поплодоносна.
Пред семакедонскиот референдум по овие прашања.
Гомбрович го мразел полскиот народ поради кукавичлукот.
Јас не го мразам македонскиот, макар што во кукавичлукот го шие полскиот.
А имам и други основи.
Мислам дека заслужувам подобар народ.
Овој ме удави со лажната борба за себе.
Цел живот ме држи во ров.
До колена во вода.
Коските ме болат.
Порано умирав од мерак за одбрана на Македонија.
Сега ќе ја оставам да скапе ако не ме послуша да излезе од тој шанец.
Хахаха!
Но, ако некој на телевизија ви каже дека го мразам имате две опции: да го скршите телевизорот стрелајки ја главата на скотот со кристалниот пепелник полн со пепел и опушоци од “Винстон” сино, или да појдете на посматрање.
Јас ви предлагам да го жртвувате телевизорот оти ако појдете на посматрање многу се мали шансите да не ве задржат.
Второ, не го мразам ама речиси при секоја помисла го полевам со презир, во главата ја барам фиоката кај што ги сместувам третокласните феномени, папки кај што ги ставам информациите за нижите кагегории.
Трето, луѓето кои текстовите на Тричковски ги дисквалификуваат врз основа на впечатокот за некаква вулгарноста и срамотни ставови на пролупана будала, или се политички сервиси на власта или се опортунисти или се неспособни и неопремени да примат уметничка форма која го нарушува двотактниот модел на нивниот јазик и светоќор.
Четврто, метафорите за распаѓањето без причини, не можат да бидат локуми и екстрадевичанско масло со тартуфи ако се мислат и пишуваат со некаква разбудувачка идеја за народот ставен на продолжен курс на интензивно оглупавување.
Петто, соочувањето на Македонците со лагите за себе и за светот, особено со обидите од нивните усрани и особено глупави, неразбирливо привлечни митови да се направи политички концепт (вмро) е единствената промакедонска опција, која, вистина, малку гребе, тоа е како да ти закачат јаки штипалки на долниот дел на јајцата со тегови од пет кила, но со масажа со пердув од пајка по гол г’з, нема будење.
Шесто, агресивната кампања против сдсм, која, нормално, имаше и реални основи, но повеќе од тоа беше неверојатно форсирано поткрепувана и произведувана со свесно и систематско, тотално влошување на реалната ситуација (нацихистеријата околу преговарачката рамка и договорот со Бугарија, блокада на уставните промени, блокади на се) и на перцепцијата, пропушти да забележи дека не може да се води разумна битка против слабостите или гревовите на сдсм додека алтернатива е вмро. Секогаш е односно треба да биде вмро прва тема, затоа што е јасно дека Македонија со вмро не е можна. Имавме три потврди на тој став, а денеска го имаме во претворањето на Македонија во логор за внатрешни бегалци од нормалноста што го чуваат митралеските гнезда на вморонската простоќа, глупост и зло!
Тука е сместен Македонецот кој преку вморонската демонтажа на институциите и нивната карикатуризација и дисфункционализација, е претворен во говно.
Во органски отпад.
Седмо, за идентитетските прашања- и на тековен план и во врска со историската и културолошка втемеленост, Македонија и Македонците мораат да дојдат до точката кога ќе престанат да ги напаѓаат Бугарите, Албанците, Србите, Грците, Европјаните и, се разбира, домашните предавници, посебно групата на тричковистичките лајкачи (хахаха) и да се прашаат себе си: каква е нашата улога во сето оваа срање.
Пишува: Бранко Тричковски