Поранешниот шеф на МИ6 со предупредување: Мировен договор во моментов е лоша вест за Украина

Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, сер Џон Соерс, предупреди дека евентуален мировен договор постигнат денеска на Алјаска, веројатно, би претставувал лоша вест за Украина, пренесува „Скај њуз“.

​Во својата изјава, Соерс појасни дека не очекува од состанокот да произлезе јасен мировен план, но ако тоа се случи, тоа би било многу лоша вест за Украина.

​„Ако Путин успее да го принуди претседателот Трамп на позиција што е блиска до рускиот концепт за завршување на војната, Украина во суштина би можела да биде потчинета на контролата на Кремљ“, рече тој.

​И покрај својот скептицизам кон рускиот претседател Владимир Путин, Соерс смета дека денешната средба нуди одредена можност.

​„Секој обид за завршување на војната, мислам дека е добредојден и тука има можност. Колку и да сум скептичен кон Путин, постои можност да се почне процес што би можел да доведе до крај на овој конфликт“, заклучи поранешниот шеф на МИ6.