ВР се оградува од случајот на Ивановска: „Не водиме постапка против неа“ По изјавите на Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска и актуелна кандидатка за градоначалник на Општина Центар, дека полицајци ѝ тропнале на врата, Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со соопштение во кое ја информира јавноста дека против неа не води никаква постапка.
Во кусата изјава, од МВР потенцираат дека за сите пријави и постапки што ги води Обвинителството, тоа е единствено надлежно за давање одговори. Со ова, Министерството се оградува од случајот и го префрла товарот на одговорност на Основното јавно обвинителство.
Ова соопштение доаѓа откако Ивановска денеска јавно објави дека по 11 часа од објавувањето на нејзината кандидатура, полицијата ѝ дошла на врата за да ѝ врачи покана за испитување од Обвинителството, што таа го протолкува како притисок.