Во денешното видео објавено на социјалните медиуми се гледа занемарувањето на еден од симболите на општина Ѓорче Петров, возчето „Пампурче“. Заменик-претседателот на градската организација на СДСМ, Горан Симоновски, во видеото нагласува дека „Пампурче“ е во многу лоша состојба и претставува опасност за децата што си играат во градскиот парк, со што се претставува состојбата на општината.
Надоврзувајќи се на ова, кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, им се обрати на граѓаните со ветување дека нема да чека градските власти да го решаваат проблемот со ѓубрето во општината. Тој порача дека од првиот ден „ќе ги засука ракавите“ и ќе почне да работи на исполнување на ветувањата дадени пред граѓаните. Ацевски додаде: „Паркот во Ѓорче Петров ќе биде наша грижа и редовно ќе го одржуваме!“