Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе го напушти Лајпциг до крајот на летниот преоден рок, откако вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Торино. Лајпциг бара околу 20 милиони евра за неговиот трансфер.
Наполи води во трката
Најреална опција е Елмас да се врати во Италија. Иако Торино сака да го откупи неговиот договор, клубот не е подготвен да плати 20 милиони евра.
За разлика од Торино, поранешниот клуб на Елмас, Наполи, нема финансиски проблеми и засега важи за најголем фаворит за неговиот потпис.
Според фудбалскиот инсајдер Екрем Конур, интерес за 25-годишниот македонски фудбалер покажале и турскиот Бешикташ и англискиот Вест Хем.