​Во Ресен отворена изложбата „Живеј со стил – поддржи различности“

Во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен е отворена изложбата на фотографии „Живеј со стил – поддржи различности“. Изложбата прикажува 31 портрет на луѓе чии приказни инспирираат со својата сила, човечност и достоинство.

​Според организаторите од здружението „Икаулити“ од Скопје, настанот бил исполнет со позитивна енергија, а посетителите си заминале инспирирани да бидат добар пример и да придонесат за поотворено општество.

​Изложбата ќе биде поставена во Ресен до 25 август, а потоа ќе продолжи со турнеја низ уште пет градови во земјата.