Кавани пред трансфер во Пафос, ќе игра против Црвена звезда?

​Кипарскиот шампион Пафос, кој е ривал на Црвена звезда во плејофот за Лигата на шампионите, испратил понуда до познатиот уругвајски напаѓач Единсон Кавани. Според кипарските медиуми, клубот е во сериозни преговори со 38-годишниот фудбалер кој моментално настапува за Бока Јуниорс.

​Пафос испратил конкретна понуда до Кавани и се очекува негов одговор во најскоро време. Доколку Кавани го потпише договорот до вторник (24 часа пред натпреварот со Звезда), тој би можел да биде регистриран и да игра на првиот натпревар во Белград.

​Ова би било второ звучно засилување за Пафос ова лето, по доаѓањето на 38-годишниот Давид Луис. Интересно е дека Луис и Кавани беа соиграчи во ПСЖ од 2014 до 2016 година.