Тепачка во Скопје: Едно лице осомничено за обид за убиство, останатите за тепачка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица поради учество во масовна тепачка што се случи на улицата „Славеј Планина“ на 16 август. Инцидентот е резултат на нерасчистени семејни односи меѓу две групи.

​Едно лице е осомничено за обид за убиство, бидејќи со дрвена даска тешко повредило едно лице од спротивставената група, нанесувајќи му фрактура на черепот и крварење на мозокот.

​Еден од учесниците е осомничен за нанесување тешка телесна повреда откако со тупаници му ја скршил вилицата на еден од останатите учесници.

​Останатите шест лица се осомничени за кривично дело „учество во тепачка“.

​Обвинителството побара куќен притвор за 18-годишниот осомничен за обид за убиство, со образложение дека постои ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото. За останатите осомничени се предложени мерки за претпазливост.