Најмалку три лица, меѓу кои и едно едногодишно дете, загинаа утрово во руски напад со беспилотни летала врз Харков. Во нападот се повредени и 17 лица, соопшти градоначалникот на градот, Игор Терехов.
Според Терехов, последното пронајдено тело е на лице кое загинало од ударот на рускиот дрон од типот „шахед“.
Началникот на Харковската регионална воена администрација, Олег Синегубов, изјави дека лекарите им помагаат на уште едно шестгодишно девојче и 42-годишна жена кои се повредени во нападот. Синегубов предупреди дека бројот на жртвите може да се зголеми.
По нападот избувнаа пожари во индустриската зона на градот, што дополнително ја отежнува ситуацијата.