Грчката полиција уапси маж од Бразил на меѓународниот аеродром во Атина, откако утврди дека пренесува 100 пакувања кокаин во своето тело. Осомничениот пристигнал со лет од Париз.
Според грчките медиуми, секое пакување тежело околу 11 грама, а дрогата била со 90% чистота, што вкупно изнесува околу 1 килограм. Станува збор за класичен случај на т.н. „body-packing“, метод на шверц со голтање капсули со дрога.
Експертите предупредуваат дека овој метод носи огромен здравствен ризик, бидејќи доколку пукне само едно пакување, може да дојде до фатално труење. Полициско-медицинската процедура за вакви случаи вклучува рендгенски преглед и медицински надзор додека сите капсули не излезат од телото под контролирани услови.
Случајот е предаден на надлежните органи за понатамошна постапка.