Завршна фаза на канализацијата во Арачиново: Меџити најави инвестиции од над 164 милиони денари

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново. Проектот, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари, се очекува да заврши во текот на наредниот месец.

​За време на посетата, Меџити истакна дека во изминатите 13 месеци, во Арачиново се реализирани инвестиции од над 164 милиони денари.

​„Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме“, изјави Меџити.

​Тој посочи дека инвестициите се резултат на соработката на Министерството со Владата и вклучуваат:

​Изградба на ободен канал (64 милиони денари).

​Изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи.

​Урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта покрај Мојанска Река (100 милиони денари).

​Меџити нагласи дека инвестициите ќе продолжат „секаде каде што има реална потреба“, без разлика на партиска или етничка припадност, со цел секој граѓанин да ја почувствува разликата.